Зошто воопшто се мачиш да носиш облека кога чантата неизбежно ќе го украде вниманието?
Супермоделот Кендал Џенер позираше гола во новата рекламна кампања на Jacquemus, а првата фотографија беше објавена на Инстаграм профилот на модниот бренд …
Кендал, која минатата сезона чекореше по пистата на Jacquemus, се соблекува и позира потполно гола држејќи се за зелено јаже со розова Jacquemus чанта која виси преку рамото и стратешки ги покрива нејзините гради.
Новата фотографија навестува лансирање на кампањата La Montagne. Фокусот е на правоаголна антилоп торба со златен ланец. На рекламната фотографија, Кендал носи црвени чорапи до колена, розови папучи и големи обетки.
Минатиот месец, 25-годишната убавица и топ модел се појави на модната ревија на Jacquemus, враќајќи се на пистата за прв пат од почетокот на пандемијата COVID-19.