Дури и сега кога нормалноста некако се врати во нашите животи, ние го прилагодуваме изборот на купување врз основа на овие елементи кои ги предлагаат водечките дизајнери за есенската сезона..
Кратките блузи и фустаните со откриени рамена ги сметавме исклучиво како летен тренд.
Но, брендови како Dior, Salvatore Ferragamo и Erdem, потврдија дека голите рамена ќе бидат нагласени и во есенската и зимска гардероба.
Нијансата на јоргованот која беше боја на пролетта, ќе биде “актуелна” и во есенско – зимската гардероба, благодарение на брендовите Chanel, Miu Miu, Loewe. Третирајте ја како неутрална нијанса, бидејќи може лесно да се интегрира во многу комбинации.
Се чини дека забавите толку многу ни недостигаа што нема да се двоумиме да носиме металик-сјајна облека и во текот на денот. Што се однесува до есента 2021 година, брендовите како Louis Vuitton, Isabel Marant, Lanvin, го дефинираат металик-от како врвен тренд.