Кога нашиот телефон покажува температура повисока отколку што би сакале (бидејќи има големи шанси да сме во канцеларија во тие жешки денови, а не на плажа), подеднакво важно прашање кое секое утро си го поставуваме е што да правиме со нашата коса …
Дали треба да се фатиме за ножици или ќе користиме модни додатоци, треба да ја оставиме косата слободно да паѓа и покрај топлината или треба да се определиме за интересна плетенка или пунџа?
Се согласуваме, инспирации има многу, па затоа во галеријата ви нудиме предлози како да ја стилизирате косата за време на ова жешко лето, без оглед дали сакате да ја скратите косата и да направите драстична промена или барате начин како да ги вклопите вашите омилени модни додатоци за коса.
Совет плус: Оваа сезона важи само едно правило – следете го вашето внатрешно чувство, опуштете се и бидете креативни – оставете вашата фризурата да го нагласи вашиот стил, вашата личност, но и моменталното расположение на вистински начин!
Која фризура е вашиот фаворит?