H&M е горд што ја претстави најновата колекција на машка облека со отпечатоци од Кит Харинг, легендата на американската поп-арт сцена. Колекцијата, која ќе се најде во продажба од јули во нивните продавниците, се состои од комбинација на патики, шорцеви, јакни, маици и дуксери со препознатливи мотиви на Харинг.
Кит Харинг го измислил својот визуелен јазик, проткаен со хумор и симболика, како и социјални пораки, а неговата работа се покажала како извонредна.
Уметникот посвети најголем дел од својата кариера на јавни дела, честопати со активистички пораки за војни, употреба на дрога, сексуална еднаквост и смрт. Уметноста на Кит Херинг им се допаѓа на софистицираните љубители на уметноста и се смета за важен чекор во напредокот на pop-art-от.
Кога на Харинг му беше дијагностицирана СИДА во 1988 година, тој ја основаше Фондацијата Кит Харинг за да обезбеди средства на организациите за СИДА и програми за деца и да управуваше со наследството на неговите уметнички дела.
Почина на 31 година во 1990 година. Славата никогаш не го сменила неговиот поглед кон уметноста, а неговото дело се карактеризира со шармантна невиност до самиот крај.