Dior штотуку претстави минијатурна верзија на својата торба Saddle, која може да ја собере во длаката …
Како дел од нивната нова колекција Micro, намалената торба е со димензии 10 х 7,5 см, каде има сосема доволно простор за вашите клучеви, слушалки и кредитна картичка.
И покрај малите пропорции, торбата сепак воодушевува со своите луксузни детали, со кои сме запознаени поодамна.
Кога станува збор за брендирање, можеме да ги видиме деталите CD на ременот и амулетот D на патентот.
На клиентите им стојат на располагање три бои – Cloud Blue, Rose des Vents и црна.