ПОВТОРНО ВО ФОКУС СЕ ВИСОКИТЕ ПОТПЕТИЦИ
(AMINA MUADDI)
Ги одбравме 10-те најдобри …
Заборавете на вашите папучи и рамни сандали – додека многу земји се будат од сонот предизвикан од пандемијата, обичните чевли одат на заборав, додека вртоглаво високите потпетици повторно ги враќаат своите пет минути на слава!
Според „Њујорк тајмс“, продажбата на чевли со високи потпетици скокнала, исто како и пребарувањето на „Гугл“.
Вил Купер, генерален директор и потпретседател на одделот за обувки, чанти и додатоци на Saks Fifth Avenue, рече дека стиловите што доаѓаат се со потписот на Кристијан Лубутин, Амина Муади и Ботега Венета, тие сега се во центарот на вниманието.
Сепак, по една година поминати во патики или влечки, без некој формален настан што би можеле да го посетиме, логично е зошто сакаме вакви чевли, кои не потсетуваат на периодот пред пандемијата.