Колку и секогаш да се радуваме на летото, знаеме дека поголемиот дел од времето го поминуваме во градот, а не на омилените острови …
Значи, колку што сакаме костими за капење и облека за на плажа, толку ни е потребна и инспирација за летен изглед и во градот.
Што да облечеме во најжешките летни денови во градот?
Како да го вметнеме стилот на плажа во нашето секојдневие?
Кои се најубавите фустани?
Како да ги комбинирате шорцевите и фармерките?
Ова се само неколку прашања кои треба да си ги поставите кога станува збор за градење на вашата летна гардероба, а стајлинзите што ги избравме сигурно ќе одговорат на секое ваше прашање.
За да се справите со високите летни температури што владеат во градот, изберете ткаенини како што се лен или памук кои му дозволуваат на телото да дише.
Додадете проsирна облека во вашата гардероба и инвестирајте во паметни парчиња кои ви овозможуваат да ги носите на многу различни начини.
Бермудите се идеален избор за летото и ќе ги комбинирате со рамни сандали и папучи.
Проsирните фустани изгледаат одлично со еспадрили и сандали, додека слип фустаните не треба да изостануваат во вашата гардероба.
Ако никогаш не ги соблекувате фармерките, можете да ги носите со лесна кошула или топ во текот на летото, додека за канцелариски изглед изберете костуми од ленена ткаенина во боја.
Постојат многу начини како да ги користите парчињата кои веќе ги имате за излегување во градот, сè додека не дојде времето за одмор, кога ви треба само вашиот костим за капење.
Инспирацијата пронајдете ја во галеријата со фотографии …