Торбата Portobello Tote доби нови енергични дезени и одважни нијанси …
Како дел од прославата на педесет годишнината, британскиот бренд Mulberry се здружи со популарната дизајнерка, Прија Ахлувалија, за да создадат заедно специјална колекција.
Ахлувалија беше инспирирана од нејзиното нигериско-индиско наследство, користејќи ја својата фасцинација со косата како дел на идентитетот, протест и изразување, за да влијае на оваа колекција, која има во своето срце ја има 100% одржлива Portobello Tote торба, како и избор на шалови, редизајнирани во стилот на нејзината живописна естетика, славејќи ја уметноста, ритуалот и симболиката на афро-карипската коса.
Наречани “wave”(„бран“) мотиви, парчињата се инспирирани од техниките на плетење на црнечката коса и се претставени во рабовите инспирирани од плетенките и пачворк деталите.
Исто така, на чантите можеме да ги видиме симболите на гордост кои се карактеристични за шеесеттите и седумдесеттите години, како што се афро чешел и силуета на плетена коса.