Gucci има нова рекламна кампања “Кон сонцето” – лето 2021 година
Креативниот директор на брендот, Алесандро Микеле, се фокусираше на облека во стилот на пижама, како и на модерни шапки и ремени.
Кога станува збор за чантите, новата колекција ги вклучува Gucci Gorsebit 1955, Jackie 1961 и GG Marmont во живописни, пастелни нијанси.
„Новиот сет на фотографии од кампањата Кон сонцето, претставува нов избор кој комбинира клучни парчиња и додатоци подготвени за носење од лесни материјали и оние од колекцијата„ Увертира на нешто што никогаш не заврши “.
Меѓу многуте стилови се фустани-марами, шарени кафтани, комплети за куглање, нови кошули – туники и други разноврсни парчиња како и бермуди “, објаснуваат од познатиот бренд Gucci.