Првата мисла на ленено парче за повеќето е досадна бела кошула …
Додека белата ленена кошула е идеална за летните денови, ленените ткаенини не мора да бидат и не се толку класични.
Облеката од лен е идеална за жешките летни денови кои веќе пристигнаа. Ленените влакна се исклучително јаки и удобни за носење, особено при високи температури, бидејќи ленот и овозможува на кожата да дише. Благодарение на брзото ослободување на влагата, ќе се потите помалку во ленената облека и кожата ќе дише полесно.
Еден голем недостаток на ленот е што лесно се тутка, па ако се одлучите за ленени ткаенини, ќе мора да се дружите со пеглата. Ленените ткаенини не мора да бидат досадни.
High street продавниците имаат многу интересна понуда на ленени ткаенини, Манго дури и посвети цела колекција на ленените ткаенини.
Ако сакате да се чувствувате лесно и поудобно ова лето, а сепак да бидете стилски, тогаш ленот е идеален материјал за вас.