Лежерни креации за освежување на сезонската гардероба …
По соработката со Линда Фароу, Пако Рабан сега се враќа на сцената со нова летна, капсула колекција, наречена “Ciao Paco”.
Придружниот каталог ни ги претставува најдобри парчиња облека и додатоци, кои нè водат да се радуваме на топлите, летни денови.
Креирајќи референци на спортскиот стил од седумдесеттите години, новиот асортиман се одликува со освежени слогани Lose Yourself на капи и маици.
Контраст претставуваат драпираните дресови и кошули украсени со цветен Liberty дезен, како и црно-жолтите бикини и шорцеви за пливање.
Покрај тоа, во колекцијата има и плетените парчиња, тениски панталони и фустани, темни тексас фармерки и унисекс шорцеви.