Многумина се борат со варењето на храната, а повеќето експерти ќе кажат дека варењето на храната е половина здравје.
Освен што вашето здравје може да страда поради бавното варење, може да бидете надуени и многу побавно да изгубите од тежината, отколку што очекувате.
За да се реши проблемот со бавно варење, она што дефинитивно треба да го направите е да ја подобрите вашата исхрана, да започнете здраво да јадете.
Покрај здравата исхрана, многу е важно да пиете многу вода. Колку вода треба да пиете дневно поради тежината, можете да прочитате овде.
Покрај здравата исхрана и доволно вода, многумина пијат млака вода со лимон за да го забрзаат варењето. Чаша млака вода со половина исцеден лимон на празен стомак наутро може да биде одличен стимуланс за варењето на храната.
Друг многу одличен пијалок за пробавата е вода со ѓумбир. Една чаша вода со лажичка ѓумбир е исто така добра за пиење на празен стомак наутро.
Уште еден одличен пијалок за варење на храната е зелениот чај. Зелениот чај не е добар за пиење кога е претопол, оптимално е добро да се пие млак за да се забрза варењето.