Gingham е класичен принт кој никогаш не излегува од мода, ниту во зима, ниту во лето. Иако јакните и панталоните во форма на гингам се совршени за есен и зима, фустаните се едноставна и совршена опција кога станува збор за летните изгледи.
Од wrap фустани, мини со паф ракави, до макси опции, за сите девојки има совршен модел кој е идеален избор за пикник на сонце, како и за опуштени забави. Лесен за носење, гингам фустанот ја отелотворува леснотијата на летото и е идеален и за работа и за време на викенди.
Може да го комбинирате со тексас јакна, чанта или торба за рамо, балетанки, патики, сандали и еспадрили или чизми за лежерен изглед.
Нека не ве лаже “слаткиот” изглед на овој „кариран“ принт, гингам фустаните можат да бидат шик и секси.
За да ви помогнеме да изгледате одлично во фустан со гингам дезен ова лето, избравме за вас неколку инспиративни фотографии од некои од нашите омилени модни девојки.