Боите, како што знаете, играат значајна улога во животот на секој од нас …
Тие ни даваат раположение – затоа што секогаш се чувствуваме најдобро кога носиме работи во нашата омилена боја; им кажуваат на другите за нашиот стил, а до одреден степен и за нашите ставови; тие ни даваат можност да ги покажеме нашите вештини за комбинирање на различни нијанси, нашето разбирање за уметноста и реалноста.
Боите се сеприсутни и исклучително важни, неизбежни и незаборавни. Ако сте решиле да го редизајнирате и реновирате вашиот дом оваа летна сезона, ви предлагаме да ја канализирате радоста од островот Капри со Capri Pink, последниот додаток во палетата на Chalk Paint.
„Инспирирана од италијанското одморалиште, мека за уметниците и аристократите од 19 век, оваa розова, e боја полна со личност, како и пигмент“, вели експертот за бои и креаторот на Chalk Paint, Annie Sloan. „Од смелите капри панталони на Sonja de Lennart и делото на надреалистичката модна дизајнерка Elsa Schiaparelli, оваа силна, шокантна розова нијанса отсекогаш барала внимание“, објаснува Annie.