Црната боја е инспирација на многу дизајнери за нивните колекции. Така и новата колекција на Манго пронајде инспирација во црната, по што го доби името Black is Back.
Црната некако, незаслужено, падна во втор план во последниве години. Позната ни е фразата „портокаловата е новата црна“, а оваа година се појави фразата „зелената е новата црна“. Манго реши со својата нова колекција повторно да го насочи фокусот на црната боја.
Црната боја зрачи со елеганција и класика. Додека некои други бои, како што се портокаловата и зелената, можеби се многу популарни, но, црната засекогаш ќе остане вечна класика.
Во колекцијата на Манго доминира црната боја, а во колекцијата можеме да најдеме разновидни фустани, комбинезони, здолништа, блузи, панталони, чанти и чевли.
Вашиот сончан тен ќе се истакнете со црната, но и женственоста. Долгите макси фустани од новата колекција Манго се прекрасни и се совршени за летни вечери покрај море.
Воодушевени сме од колекцијата бидејќи е елегантна, прифатлива и прилагодена на сите форми на женското тело.