Ако ви се гранџ стилот и чокер околу вратот сè уште во срцето, направете простор за тексасот во сите негови форми. Пред се, фустаните од тексас!
GUESS
Фустанот од тексас е, всушност, една од модните опсесии на летото 2021 година. Долг, краток, многу краток или макси, одберете го моделот што најмногу му одговара на вашето расположение, бидејќи кој и да изберете модел, не можете да погрешите.
ZARA
Wrap фустаните за оние кои сакаат романтичен стил; фустан со долго здолниште и паф ракави за тие кои ја преферираат женственоста, крој-молив за елегантните дами, широк и лежерен крој за љубителите на спортскиот стил … има безброј модели и секој е совршен за одреден вид силуета и пригода.