Разубавете го вашето лето со новите модели на Louis Vuitton…
LV Trainer, патики кои дебитираа за време на модната ревија пролет / лето 2019 создадени под креативно водство на Вирџил Абло, добија освежување наменето за летната сезона. Сега, тие доаѓаат во три итерации -повторувања, создадени од свртена кожа и тексас.
Инспирирани од кошаркарските патики, новите модели добија технички гумен ѓон со инјектиран гел, а исто така се украсени со Монограм цветови. Кога станува збор за боите, се истакнуваат бордото патики украсени со сончево портокалови тонови и со нео-розов стил.
Ако барате некои посуптилни опции, достапни се целосно бели или металик сребрени верзии. Покрај патиките, познатата модна куќа лансираше и пар сандали, кои доаѓаат во слични неонски нијанси.