Копиравме 4 комбинации на лежерна облека кои дефинитивно можете да ги создадете со парчињата што веќе ги имате во вашиот плакар, а ги комбиниравме со папучи за совршен урбан изглед.
Креирање на секојдневен стил бара фантазија и креативност, а секако дека можеби нема да имате ист апетит за експериментирање секој ден. Но, што ако сакате да изгледате со стил, дури и во деновите кога не се чувствувате најдобро? Клучот е во “хит” парчињата.
Парчиња како смели модни додатоци, чанти, облека со принтови и секако модерни чевли како влечки може да ви помогнат да дизајнирате комбинација на облека за 5 минути. Одбравме за вас 4 комбинации на облека што дефинитивно можете да ги создадете со парчињата кои веќе ги имате во плакарот.
Погледнете и инспирирајте се!