Живиот свет на островот Галапагос е во голема опасност од распаѓање, а помош им пристига од Леонардо ди Каприо, заедно со група конзерватори …
Заедно, тие успеаја да соберат сума од 43 милиони долари за реставрација на овој архипелаг, познат по ендемските видови и неговата централна улога во научното разбирање на екологијата и еволуцијата.
Иницијативата ќе работи на решавање на три главни прашања: помагање во обновата на островот Флореана, зголемување на популацијата на критично загрозената розова игуана на островот Изабела и зајакнување на заштитата на морските резерви на архипелагот. Поддржана е од над 40 партнери, вклучително и невладини организации, меѓународни организации и државни органи.
Потврдувајќи ја изјавата, Ди Каприо рече: „Кога ги посетив островите Галапагос, се сретнав со Паула Кастањо и други еколошки херои кои работат тука во Еквадор секој ден за да ја зачуваат оваа уникатна локација. Возбуден сум што можам да ја споделам работата на нејзиниот тим и да ги поддржам долгорочните напори насочени кон заштита и обновување на островите, заедно со тимот на Re: Wild “.