Ел Вудс, дали си тоа ти?
Главниот лик на филмот „Legal Blonde“ Ел Вудс, кого го игра талентираната Рис Витерспун, најмногу сакаше розова боја и, се чини, со причина. Погледнете и сами: во спектакуларниот летен фустан на Draper James, Рис изгледа точно како амбициозната убавица од правниот факултет – па дури и подобро.
Розовата (со примеси на црвена боја) секогаш дава свежина и леснотија, а во комбинација со „кариран дезен“ – уште повеќе нè воодушевува!
Кариран памучен фустан со длабоко деколте ќе стане неизоставен дел од летната гардероба, кога жештината ги принудува и најголемите љубители на панталони да носат лесни фустани.
Покрај фустанот, карирана торба за шопинг и чаршав за пикник се задолжителни – или така Рис не упатува.