Кога велиме женска облека, првото нешто на што помислуваме е фустан. Како синоним за женственост, тој ви дава комплетна облека со еден потег.
Фустанот, подразбира најразновидни кроеви и се прилагодува на сите силуети. Едно е сигурно, ја намалува можноста за грешки, погрешна комбинација на бои и дезени, а што е најважно, ја издолжува фигурата.
Кошулата, од друга страна, е незаменливо парче на кое секогаш сметаме. Во неодоливиот микс на оваа сезона, фустаните со кошули добиваат нов звук!
Можете да ги носите раскопчани во форма на кимоно, со ремен за нагласување на струкот, како туника со вашите омилени фармерки, или едноставно со високи потпетици и капа со голем обод.
Од повеќе лежерни форми до униформиран изглед, најдовме неколку модели на кошула-фустани идеални за претстојното лето.