Секоја сезона по едно парче облека се наметнува како хит …
Оваа пролет тоа е преголем (oversized) неонски блејзер. Иако и останатите неонски бои, како розовата, се популарни, но оваа пролет хит е дефинитивно зелениот неонски блејзер.
Блејзерот е идеално парче за носење во текот на пролетта затоа што во него нема да ни биде многу топло за време на повисоки дневни температури, ниту пак ќе ни биде премногу ладно за време на свежите пролетни вечери.
Освен класичните блејзери во црна, бела или беж нијанса, кои се за сите временски услови, најмодерниот блејзер оваа сезона е неонско-зелениот, особено големиот. Таковиот блејзер сго прославија познатите дами како Хајли Бибер, Блејк Лајвли или Рита Ора.
Решивме да ве инспирираме и да ви дадеме идеја како да „го носите“ многу популарниот неонски блејзер, а во нашата галерија избравме трендовски неонски блејзери кои можете да ги најдете во продавниците на Скопје Сити Мол.