Да, можете да носите кожа во текот на летото, иако сме сигурни дека ова не е првата ткаенина која ќе се појави во вашата глава кога размислувате за летна облека.
Веројатно се замислувате како се „топите“ во кожни панталони или фустан под летното сонце, но ако изберете потенка, посветла кожа, ќе бидете добро, особено на температурата во вашата канцеларија, ресторан или трговски центар.
Од безвременската црна до светли бои и топли тонови, од моторџиски јакни до панталони, шорцеви и фустани, кожата е еден од најголемите трендови оваа сезона и следното лето.
Постојат толку многу начини на кои можете да додадете кожа во вашата летна гардероба, поради што ги собравме најдобрите стилови.
Ви подготвивме и комбинација на облека за да бидете инспирирани како да вклучите кожа во вашата гардероба ова лето.
За денешниот „стил на денот“ комбиниравме кожни панталони со бел памучна мајца која ќе ја вметнеме во панталоните (едноставно сакаме паф ракави), сандали со ланци, a и кожна чанта со ефект на кроко.