Вчера, музејот Лонг во Шангај, беше домаќин на новата колекција Диор есен 2021 година.
За оваа сезона, креативната директорка на француската куќа, Марија Грација Кјури, беше инспирирана од К-поп културата, како и од ерата на дискотеките. Референците се видливи во изобилството на монистри од сите нијанси, карирани одела со мини здолништа кои потсетуваат на училишни униформи, животински отпечатоци и проsирни ткаенини, од кои се изработени мантили, лесни фустани, плисирани здолништа и “топови”.
Гледајќи кон иднината низ призмата на минатото, дизајнерката претстави футуристички металик комбинезони и кожни комплети инспирирани од 80-тите, заради кои ќе посакате веднаш да одите на забава. Покрај тоа, видовме разнобојни крзнени палта, тексас во боја, мрежасти хеланки под здолништа од тул, како и беретки и капи на модната писта – овој додаток несомнено ќе стане (must-have) задолжителен за следната есен.