И не, тоа не е еуфемизам за нешто друго.
После “roaching”, “apocalypsing” станува нов тренд во врските, кој исто така не е добар.
Во истражувањето спроведено од организацијата за наоѓање партнери “Plenty of Fish” кај 2.000 невенчани лица, овој тренд е забележан поради карантинот, а она што всушност се случува е однесувањето кон потенцијалниот партнер како „единствен и последен на светот “.
Ова произлегува од последиците кои карантинот веќе ги остави на луѓето, бидејќи осаменоста и неизвесноста кога ќе запознаат нов партнер и се забавуваат со него, влијае на нив повеќе отколку што мислат.
„Оваа мината година е во најмала рака невидена. Со толку многу несигурност и промени кое се случуваат, не е изненадување што луѓето почнуваат да го доведуваат во прашање нивниот социјален статус и да чувствуваат неочекуван притисок да најдат партнер. И наместо да уживаат во моментот и да одвојат време да се запознаат со потенцијалниот партнер, тие се однесуваат кон секоја потенцијална врска како да е нивната последна. Она што започнува со неколку пораки и долги повици, брзо доведува до вљубување, а пред да го сфатат тоа, ја планираат целата своја иднина заедно, за само неколку недели – од избор на име за бебе до разговор за место за венчавка “.
Факт е дека изборот не е направен според ваши критериуми, но вие сте засегнати од состојбата со карантинот и неизбежно се предавате на личноста која прва ја запознавте. Донесувате избрзани заклучоци и врската може да стане сериозна многу брзо, не од желба, туку од потреба.
Ако почнете да се чувствувате заљубени во некого по тој прв разговор, вреди да ги проверите вашите критериуми за да видите како тие се совпаѓаат и да одлучите дали е тоа навистина љубов на прв поглед или предупредувачки знаци на апокалипса.
Нека вашата благосостојба биде приоритет, наместо романтичната врска да биде магичен лек за сè.