Иако е пролет, модниот свет веќе го сврте вниманието кон летните додатоци, а чантите за плажа не може да се изостават …
Можеби не ви звучи логично, но Џејн Биркин ги носеше своите омилени плетени чанти преку цела година, дури и во зима, со волнени палта. Иако не би ве советувале да го следите нејзиниот пример, но не можеме да го игнорираме фактот дека по толку месеци карантин, модниот свет сонува за летни дестинации и веќе додава исклучителни летни елементи на своите стајлинзи.
Преголемите чанти за плажа веќе почнаа да се појавуваат на Инстаграм, профилите на познати инфлуенсерки се полни со нив, ги комбинираат со јакни, кошули, па дури и тренч мантили. Големи, модерни и пространи, тие се идеални за секојдневниот живот, бидејќи во нив може да го сместите и лаптопот.
Торбите за на плажа како да ни носат малку летен воздух и тоа нè радува. Погледнете какви модели ни подготвија модните куќи во галеријата со фотографии.