Елегантните креации доаѓаат во боја на жалфија …
Познатата актерка, Дру Баримор, се здружи со Made by Gather’s Shae Hong за да дизајнираат колекција на кујнски апарати со високи перформанси. Асортиманот е дизајниран во нијанса на жалфија, што дефинитивно ќе ја крене естетиката во сечиј дом.
Колекцијата вклучува фритеза за пржење без масло, електричен чајник, тостер, апарат за тост, блендер и апарат за кафе.
Секој производ доаѓа во интересна пастелна нијанса, заедно со бронзени акценти на рачките. Со (touchscreen) технологијата на допир, апаратите го прикажуваат точното време и температура со своите LED светла.
Модерните силуети се карактеризираат со заоблени рабови, со допир на нежност на секоја површина во кујната.