Учиме од хероините на уличниот стил …
Во текот на зимата, сите бевме обвиени со шалови, па сосема е логично дека со доаѓањето на новата сезона, би сакале да направиме пауза од нашата врска со ова парче од нашата облека.
Сепак, временските услови не секогаш ја подржуваат ваквата одлука и бараат алтернативи од нас.
Шарпи од различна големина (од мали до големи модели) или бандани, доаѓаат да ги заменат шаловите оваа пролет.
Исто така, улогата на шал совршено може да се замени со качулка, која изгледа совршено под строгите јакни, мантили, палта и џемпери.
Инаку, џемперот може да се користи и на друг начин – врзувајќи го околу рамената и со тоа да се заштитите од сите пролетни ветрови.