Продолжувајќи ја својата колекција Objets Nomades која првично беше лансирана минатата година, сега Louis Vuitton слета во Хонг Конг за да организира изложба на неговиот мебел и други парчиња инспирирани од патувањата …
Сместена во зградата Pedder, историска знаменитост на градот, изложбата вклучува широк спектар на дизајни кои го слават наследството на брендот Louis Vuitton, со детали како класичниот монограм на LV.
Прикажана во разнобоен простор, создадена како дело на архитектонската компанија, NC Design & Architecture, оваа изложба е идеална за љубителите на уметноста и дизајнот, но и за љубителите на брендот LV.
Кога станува збор за најинтересните парчиња, можеме да ги наведеме Zanellato / Bortotto landerne, кои ги придружуваат statement столици, софи, куфери и многу повеќе.
Ателјето Biagetti создаде нова итерација на масата Anemona, додека на овој простор може да се види резултатот од соработката со современиот уметник Wing Shyа, чии фотографии украсуваат бројни sидови.