Мечтаеме за постпандемиска облека …
Здружувајќи се со јапонскиот уметник Јошито Нара за сезоната пролет / лето 2021 година, Стела Мекартни штотуку ја претстави својата најнова колекција есен / зима 2021 година. Прикажана во музејот Tate Modern во Лондон, новата колекција е инспирирана од “D is for Desire” од нејзиниот манифест „A to Z“.
Како и секогаш, Стела Мекартни ја имаше во предвид одржливоста и користеше еколошки материјали. Овој пат, околу 77 проценти од колекцијата е создадена од волна добиена на етички и одговорен начин, а монистрите без ПВЦ елементи и други штетни материјали.
Модните аксесоари, исто така, одговорно се креирани од вегански и биоразградливи материјали.