Во свет каде многу работи стануваат виртуелни и постојат во една сосема поинаква реалност, можностите се навистина неограничени …

Во текот на изминатата година, целиот наш живот се пресели во виртуелната област – сè, од деловни состаноци, училишни обврски до средби со најблиски, се пресели во интернет универзумот, без можност за физички допир, уживање во мириси и присуство на некој или нешто. Затоа, навистина беше логично овој виртуелен универзум да добие одредени подобрувања, кои се ограничени само од имагинацијата на креаторот.

Еден од нив е аргентинскиот дизајнер, Андрес Реизингер. Успешниот уметник успеа да продаде непостоечки мебел вреден 450.000 долари. Неговата колекција содржи десет виртуелни парчиња кои беа понудени на аукција, а најскапата непостоечка ставка достигна бројка од 67.777 долари. Невообичаениот 3Д мебел е дел од колекцијата наречена The Shipping, и благодарение на популарноста на неговиот творец и неверојатниот квалитет на рендерот, сите дизајни се продадени за помалку од десет минути.

За разлика од претходните дела на овој уметник, пет артикли од серијата The Shipping на крајот ќе бидат произведени и испратени до клиентите, додека другите парчиња се опишани како невозможни, така што тие сепак ќе постојат само во дигиталниот свет.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУникатни креации во новата колекција „Mellow“ на Евгенија Зафировска!
Следна објаваХит на оваа пролет: дезен на питон во неочекувани бои!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ