Оваа пролетна сезона изберете розови нијанси и природен сјај …
Chanel Beauty претстави комплетно нова колекција, која дефинитивно ќе го подобри природниот сјај на вашиот тен. Наречена Le Blanc, новата палета е инспирирана од јапонските бисери Akoyа.
Палетата сенки за очи која е дел од новата колекција содржи четири различни нијанси, како што се чиста бела, бисерно-бела, розова и боја на модар патлиџан со примеси од бакар.
Кога станува збор за кармините Rouge Coco и Rouge Allure, тие доаѓаат во нови розови тонови, идеални за пролетната сезона.
Додајте сјај на вашиот изглед користејќи хајлајтер во прав со розова светкава боја на шампањ или изберете ја опцијата Baume Essentiel во нијанси на Printanier или Perlescent.
Колекцијата е комплетирана со лак Le Vernis, достапен во бакарна Perle Burgundy и бисерно-бела, Perle Blanche нијанси.