Донатела Версаче ја славеше моќта на моделите за време на нејзината најнова модна ревија …
„Моделите се како актери, тие ги оживуваат креациите“, рече Донатела Версаче по повод нејзината колекција есен / зима 2021 година, наречена „Step Inside La Greca“.
Докажувајќи ја својата поента, дизајнерката ја ангажираше Џиџи Хадид како модел кој ќе ја отвора и затвори ревијата, што воедно е и нејзин прв настап по породувањето.
Одлуката на Донатела беше секако исправна, бидејќи новата сезона одекна скоро веднаш во дигиталниот универзум, сведочејќи за моќта на моделите.
Редизајнирајќи го грчкиот мотив, „Версаче“ стана синоним за позната модна куќа и италијански луксуз. Овој пат со помош на Донатела Версаче, добива тродимензионална верзија, која го краси практично секое парче претставено во новата колекција. Линеарниот мотив ги покриваше пантолоните од лурекс, машки костуми и кожни чанти. Чорапите беа во неонски тонови и Greca дизајн.
Сепак, шампион на модната ревија е класичната А силуета, која е претставена во форма на етерични, проsирни женски фустани и свилени блејзери врзани на половината.
Во класичната форма на Версаче, порабите се високи и неверојатно привлечни. Гломазни чизми на платформа и салонки кои се врзуваат околу глуждовите со високи потпетици до небо, ја завршија целата приказна.