Како што потенциравме во изминатите неколку недели, Саудиска Арабија се движи со брзина на светлината по патеката што ја води до титулата ултимативна туристичка дестинација …
Проектот Red Sea сигурно има голема улога во таа приказна, со помош на фасцинантна креација наречена Coral Bloom, во која ќе има 50 одморалишта, 22 острови, терени за голф и многу повеќе, додека сега, како шлаг на тортата, се појавува AlShaykh Hotel 12, чиј дизајн е исто така потпишан од Фостер + Партнери, одговорен за Red Sea Projects..
Овој хотел ќе располага со серија вили со дрвени покриви, ресторани и бројни простори за уживање, додека еден дел од него ќе се протега на Црвеното Море и веќе се смета за најамбициозен туристички проект. Прекрасната кружна патека е изградена за да нуди пристап до спектакуларната серија на апартмани. На крајот, можеме да кажеме дека хотелот ќе биде карбонски неутрален, ќе биде целосно снабден со обновлива енергија и нема да користи пластика за еднократна употреба.