Со промена на годишните времиња, сите љубители на ентериерот и дизајнот чувствуваат неодолива желба да го трансформираат својот дом во духот и убавината на пролетта …
Деликатната, светла и скоро романтична Белуга кујна, доаѓа со распоред кој што се чини дека е инспириран од пролетта. Создадена како дело на Феручио Лавиани за брендот Растели, оваа кујна се издвојува по трезвениот и хармоничен стил, карактеризирана со големи волумени.
Суштинските и геометриските форми се омекнети со нежните и топли тонови.
Со неколку софистицирани елементи, кујната во ова сценарио станува главен јунак на просторот, без да биде премногу инвазивна, што е уште еден доказ за вештината на брендот Растели, кога станува збор на слободата за играње и комбинирање на нивните композиции.