Останаа уште неколку недели до пролетта, што значи дека сезоната на лелеави здолништа, проsирни ткаенини и деколтеа ќе започне многу скоро.
Убавината на најновиот тренд е што можете да носите удобни џемпери со “V” изрез кои ќе ве стоплат и истовремено ќе ви дадат женствен изглед.
За новата сезона, дизајнерите предлагаат свечени џемпери, preppy опции и преголеми варијанти кои можат да се комбинираат со кошули, маици и ролки.
Она што е добро кај џемперите со V-изрез е што тие можат да се носат на многу начини – со тесни панталони или разиграни здолништа.
Altuzarra сугерира да се носи џемпер со длабок V-изрез изработен од фина волна со плисирано асиметрично здолниште и сандали во грчки стил.
Altuzarra
Во меѓувреме, Boss ве советува подетално да го погледнете монохроматскиот изглед во сината палета на бои, спојувајќи лесен џемпер со обичен свилен костум.