Модата се заснова на инспирација, која дизајнерите ја наоѓаат во сосема неочекувани работи …
Многумина се свртуваат кон природата, некои кон архивите на брендот за кој создаваат, додека има и такви кои седат, ги пуштат мислите и чекаат инспирацијата да ги погоди како гром од ведро небо. За брендот Версаче, една од главните инспирации е Медуза, како врвна икона за убавина. Како пример за бестрашна самодоверба и став, оваа грчка божица го инспирираше создавањето на шик и софистицирана торба Ла Медуза …
Украсена со главата на Медуза, која ја краси и вратата на Виа Гесо бр. 12, првото седиште на брендот Версаче во Милано, најновата торба на модната куќа се нуди во цела низа бои – од деликатна јоргован, до волшебната сина нијанса која и е фаворит на Донатела Версаче, изработена од најдобра италијанска кожа.
Чантата претставува модерни и младешки вибрации и лесно може да се комбинира со сини фармерки и бела маица за лежерен, а сепак впечатлив изглед. Во исто време, таа е погодна за нагласување на вечерни изгледи и свечени настани, на кои практично им е совршен придружник благодарение на својот луксузен шарм.