Креативниот директор на брендот, Пол Ендру, ја однесе публиката во градот на иднината и ја крена сценографијата во научна фантастика …
Презентацијата на новата колекција на Салваторе Ферагамо која се одржа во Милано, ни даде јасна претстава за есенската и зимската сезона 21/22. Пол Ендру, креативниот директор на брендот, покажа футуристичка бајка, град на иднината и совршена гардероба за жителите на новиот милениум.
Пол Ендру за колекцијата рече: „Во модната индустрија, минатото има посебна привлечност, секогаш нè привлекува. Оваа сезона, сакав да го сменам на поинаков начин овој принцип “. Чистите и функционални силуети инспирирани од Салваторе Ферагамо овој пат добиваат волшебна футуристичка завршница. Под зелените кожни палта се гледаат проsирните панталони.
Колекцијата не би била комплетна без широкоите небесно-сини комбинезони, разнобојни штепани кожни фустани и панталони, палта со снежно-бели долги реси и најлонски пончоа кои потсетуваат на бонбони од јагоди.