Рикардо Тиши и оддава почит на врската што постои помеѓу човечкиот род и природата …
Заклучен во своите четири sида поради пандемијата на вирусот корона, Рикардо Тиши се сврте кон природата за да најде инспирација за неговата последна колекција, соодветно именувана „Бегства“.
За сезоната есен / зима 2021 година, Тиши се сврте кон британските занаети и движења од почетокот на дваесеттиот век, кога „луѓето основаа заедници со длабоко почитување кон природата и отворениот простор, радувајќи и се на иднина која ќе отвори многу можности“, објаснува тој.
Тиши создаде плетени капи кои асоцираат со еленски глави, додека патиките и чизмите се моделирани врз основа на нивните копита. Користејќи еколошка алтернатива на вистинската кожа, фотографските дезени на животинско крзно се појавуваат на кошулите, како и на палта направени од имитирачко крзно.
Класични тренч мантили и волнени јакни се исто така дел од неговата најнова понуда.
Целата колекција можете да ја видите во галеријата