Веќе пишувавме за овогодинешниот тренд на носење големи торби…
Тие долг период не беа така популарни како малите и микро чанти. Come back во модниот свет …
Бидејќи рестораните и ноќните клубови цела година се скоро затворени, а празнични настани не се одржуваат, не е ни чудо што малите чанти веќе не се толку популарни. Малите чанти сепак ќе се носат на вечери и ноќни излегувања кога кафулињата, рестораните и ноќните клубови ќе ги отворат целосно вратите.
Големите чанти ќе бидат апсолутни владетели на дневниот и уличниот стил. Освен што се убави, нивната голема предност е практичностa. Сè што ни треба во текот на денот се вклопува во големи чанти, а единствениот недостаток е тоа што меѓу сите работи кои се наоѓаат во големата торба, тешко е да се најде токму она што ни треба.
Во галеријата ги избравме најубавите големи чанти за вас по повисоки и пониски цени, а забележавме и дека најлонските чанти се апсолутен хит.
Oвие чанти можете да ги најдете во Скопје Сити Мол: Mango, Zara, Stradivarius …