Saint Laurent ја ангажираше Кејт Мос како заштитно лице на својата кампања пролет 2021 година …
Наспроти вообичаените црно-бели портрети, овој пат, славниот бренд се одлучи за фотографии во боја, направени од Јирген Телер. Позирајќи пред графити во Париз, британската икона беше облечена во облека дизајнирана од Ентони Вакарело.
На една фотографија, таа носи црно-бел кардиган во комбинација со блуза од тантела и кожни шорцеви.
На другата. можеме да ја видиме Кејт во крзнена јакна, црн топ, панталони и чевли на платформа.
Исто така, можеме ја видиме и торбата со финиш од тексас и златни детали.
На секоја слика, моделот е во лежерна, кул атмосфера, совршено комбинирајќи ги креациите на новата сезона.