Ако сакате да додадете малку сонце во вашата зимска гардероба, нема ништо подобро од цветен принт…
Воведувањето цветни дезени во вашата зимска гардероба е полесно отколку што може да помислите. Нас, оваа прекрасна женска облека не инспирираше да создадеме скромен, женствен и модерен изглед за вас.
Започнете со макси фустан со долги ракави со цветен принт. Комбинирајте го со бели кожни чизми до колена, кафеана кожна чанта и не заборавајте да додадете минималистички додаток за да го комплетирате изгледот. Се одлучивме за мали обетки и прстен – и вие сте подготвени за совршено дневно и вечерно излегување.
Ако сакате нешто дополнително да ве загрее, можете да додадете кожена или тексас јакна што малку ќе го тонира цветниот дезен или долг мантил за уште полуксузен изглед.