Современ пристап кон иконското Louis Vuitton платно …
Во септември минатата година, Louis Vuitton ја претстави својата Since 1854 колекција, која содржи редизајнирана верзија на иконскиот LV монограм од жакард. Сега, уметничкиот директор на женските колекции на овој бренд, Николас Гескијер, претстави нов син дизајн за претстојната пролетна сезона.
Користејќи ги познатите мотиви на брендот, Гескиер создаде модерно повторување на монограмот. Со натписи од 1854 година и цветни дизајни, Since 1854 Blue линијата се состои од додатоци, чанти, чевли и облека. Обрабени со природна кожа, сите парчиња од оваа колекција добија ново-стар изглед емитуван од познатиот Louis Vuitton “Spirit of Travel”.
Целата колекција можете да ја видите во нашата галерија …