Повеќе од кога било, претходната година ја поминавме дома, со што се обидовме да ги направиме домовите поудобни и поубави …
Уредување на домот ни беше далеку поголем приоритет од планирање за патување, украсување на работната соба или минибар во аголот на дневната соба и се по ред.
Инспирацијата ја најдовме претежно преку социјалните мрежи, а многумина од нас им дадоа идеи на други.
Подолу ви ги пренесуваме трендовите за уредувањето на домот во 2021 година.
Ткаенини и ќилими – во сите дезени и форми, а најмногу сакаме волна и овчја кожа, која прави да се чувствуваме посебно, покрај вистинските парчиња, може да се користат и поевтини варијанти, како и вештачко крзно или некој друг избор на ткаенина.
Пригушени бои – во сите простории во домот, особено во дневната соба, најдобро ќе ни одговараат нашите омилени меки и топли верзии на пригушени бои. Долго време” beauty nude” боите се апсолутен хит, а сега тоа се случува и во светот на ентериерите.
Избор на убави и стилски слики за дневната соба. Набавете некое уметничко ремек дело и уживајте во уметноста со восхит. Можете да купите креација на млад автор, која може да биде десет пати поскапа по неколку години.
(Слики на Михаил Корубин)
Тркалезни форми – заоблени маси, закривени софи и ќилими во сите форми, освен правилни, се апсолутен хит во 2021 година.
Винтиџ со акцент на седумдесеттите години – стари и зачувани парчиња кои можете да ги најдете на саеми или во продавници за антиквитети, се исто така хит оваа година. Некои работи едноставно имаат душа и испуштаат топлина, а ќе му дадат нов изглед на вашиот дом.
Кујна во боја – иако сивата досега беше една од најпопуларните бои за кујната и кујнските елементи, индиго сината и зелената, оваа година доаѓаат на тронот. Зелените и сините нијанси во кујната ќе додадат дополнителен гламур и ќе ја направат драго место за поминување време во неа.
Тапети – по долго време, некогашниот хит повторно се враќа. Особено ако сте потстанар и сакате да ги пополните претежно стерилните бели станови за изнајмување, тапетите се идеално решение за вас. Или ако во моментов имате ограничен буџет и не се осмелувате да инвестирате премногу, ова исто така може да го освежи просторот и да го инспирира со нов изглед.