Сè што лансира брендот Шанел, скоро веднаш станува тренд, кој и покрај сите струи на времето и модата, останува вечен …
Ако имате торба Шанел од пред три децении – тоа ќе биде нешто на што ќе ви завидуваат вистинските љубители на модата. Овој пат, нашиот предмет на обожување доаѓа од архивата на колекција Шанел од 1994 година. За време на модната ревија одржана во пролетта 1994 година, моделите дефилираа по пистата носејќи очила за сонце украсени со бисери, создадени од Карл Лагерфелд, познат моден генијалец, чие наследство засекогаш е дел од нашиот свет.
Овие тркалезни убави очила доаѓаат со обоено стакло и сребрено тонирани метални делови, на кои може да се забележат мали траги од носењето. Нивните ободи се украсени со бисери, кои се лажни, но сепак, ги носеа бројни sвезди, како што е на пример Ријана.
Овој иконски моден додаток веднаш ќе ве трансформира во вистинска Шанел дива, зрачејќи со ретро шарм и перфекција. Кружните рамки украсени со бисери се вистинска колекционерски примерок, кој доаѓа со цена од 5.449 долари. Очилата Шанел се произведени во Италија.