Карантинот несомнено направи корекција на потребите на потрошувачите…
Спортски тренерки, удобни дуксери, сите видови трикотажа и влечки со крзно, се на врвот на списоците како најрелевантните работи оваа сезона.
Заедно со трендот на удобните чевли и чизмите од од 2000-тите, се враќаат на модната арена. Пребарувањата за Ugg чизмите значително се зголемија од септември. Брендот исто така објави зголемена продажба и зголемен интерес од помладата генерација.
Прво, изолацијата ја убеди целата популација да се префрли на Crocs – делумно благодарение на соработката со Џастин Бибер, а сега чизмите на UGG се враќаат на дневен ред, иако со мала промена.
Сега култните чизми од 2000-тите се направени во скратена верзија.
Инфлуенсерите започнаа да купуваат удобни зимски чевли и да ги покажуваат своите стајлинзи на Инстаграм. Супермоделот Ирина Шајк доби класичен модел во карамел нијансаа, блогерката Каро Даур носи кафени чизми UGG, а Кјара Ферањи се одлучи за беж модел.
2020 година беше пресвртница во многу моменти. Можеби сега е најдобро време да се сетите на удобните чизми и повторно да се за вљубите во нив. Ве покануваме да бидете инспирирани од примерите на познати личности и подетално да ги разгледате удобните топли чизми од кожа.