Обетки од брокула, ѓердани од аспарагус и многу други чудни зеленчуци, доаѓаат како вистинско освежување за секој кој сака квалитетни парчиња накит …
Maison Margiela претставува серија парчиња накит обликувани во форма на овошје и зеленчук, кои се движат од неверојатно реалистични обетки од брокула до брошеви скреирани како слатки брусници.
Fresh Market претставува серија декоративни предмети креирани од вистинско овошје и зеленчук, а доаѓа во колекцијата Fall/Winter 2020 Couture(есен / зима 2020) од познатиот дизајнер. Нешто подолготрајните верзии на предметите од колекцијата се во комбинација од месинг и смола, имитирајќи ги вистинските и природни производи.
Уникатната обетка во форма на чили-пиперче има детали налик на боровинка, додека неверојатниот ѓердан доаѓа со уредно сложен цвет од брокула и аспарагус, покрај црвените, бујни бобинки од рибизла.
Како шлаг на тортата од целата колекција доаѓа уште еден вкусен избор во форма на обетки во форма на кафеана sвезда од анасон.