Кој рече дека влечките не се совршени за новогодишната ноќ (дома)? Новогодишните празници се ближат. Претходните години, на почетокот на декември, баравме совршен фустан за новогодишната ноќ, долги капути по прифатлива цена кои ќе ги пратат нашите зимски стајлинзи во градот, сјајни додатоци кои ќе ги нагласат разните празнични изгледи. Но, не и оваа година!
Овој пат, нашиот интерес е насочен кон домашната облека, како што се пижами, плетени тренерки, влечки.
И кога зборуваме за влечки, признаваме дека не им бевме секогаш големи обожаватели, сè додека не ги видовме следниве дизајни.
Тие прават да веруваме дека она што ни се случува не е толку трагично. Доколку сакате да ги разубавите моментите дома, ви предлагаме да ги разгледате нашите предлози и да изберете модели изработени од крзно или со светкави бисери.