Јакните со пердуви се задолжителни парчиња од секоја зимска гардероба, а овогодинешната понуда е богата со одлични модели.
Овие јакни ќе ни помогнат со стил да ја пречекаме и преживееме зимската сезона која започна во нашите плакари неколку недели пред нејзиниот официјален, календарски почеток.
Овие екстремно топли јакни можете да ги најдете во сите бои, но во понудата секако доминираат парчиња во црна и оние во неутралните смеѓи тонови.
Топлите, шик, практични и удобни јакни со пердуви се најбараното парче облека за зимската сезона, а за вас ги пронајдовме најубавите модели кои ви ги донесуваме подолу… Mango, Zara, Massimo Dutti …