Chanel Pirate Boots, за прв пат се видени на модната ревија Chanel есен / зима 2020 година, а сега веќе станаа модел на сезоната.
Новиот тренд наметнат од Chanel се чизми кои потсетуваат на пиратски или уште подобри машки чизми од 15 век. Повеќето модерни французинки се видени на улиците облечени во двобојни чизми од кожа, сите комбинирани со панталони.
Со оглед на тоа што многумина ги носат во моментов, нема сомнение дека чизмите со потпис на Virginie Viard, се вистински француски шик и апсолутен хит на сезоната.